Швајцарија одново е најуспешна на СП
17.02.2025 Februari Ponedelnik
АЛПСКО СКИЈАЊЕ
Репрезентацијата на Швајцарија и годинава е најуспешна на Светското првенство во алпско скијање, откако освои најмногу титули и вкупно медали на 48-то СП, кое вчера заврши во Залбах (Австрија). Швајцарските скијачи и скијачки освоија вкупно 13 медали, од тоа по пет златни и сребрени и три бронзени. Тие и на СП 2023 во Куршевел (Франција) беа први, тогаш со ефект од по три злата и сребра и една бронза.Светски прваци од Швајцарија годинава станаа Фрањо фон Алмен во спуст, Марко Одермат во супервелеслалом, Камил Раст во слалом, како и Вон Алмен и Лоик Мејар во машка тимска комбинација. Поединечно, пак, најуспешен е Мејар со два златни (слалом и во комбинација) и еден бронзен медал (велеслалом), а Вон Алмен и Бризи Џонсон од САД имаат по две титули, двајцата во спуст и во тимска комбинација.Викендов се одржаа слаломските трки, во кои светски шампиони станаа Камил Раст од Австрија во конкуренција на скијачки и Мејар во конкуренција на скијачи.На табелата со освоени медали по Швајцарија се репрезентациите на Австрија (2-3-2), Италија (2-1-0), САД (2-0-2), Норвешка (0-1-2), Нов Зеланд (0-1-0), Чешка (0-0-1), Шведска (0-0-1) и на Германија (0-0-1).Следното СП е во 2027 година, во Кран Монтана (Швајцарија). Н.М.

留言