top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Швајцарија и Одермат најуспешни на СП 2023

АЛПСКО СКИЈАЊЕ

Норвежанецот Хенрик Кристоферсен го освои златниот медал во слалом на Светското првенство (СП) во алпско скијање во француските скијачки центри Мерибел и Куршевел, со што се заокружи 47-от скијачки Мундијал. На СП пред две години, Кристоферсен освои бронзен медал. Тој е петтиот Норвежанец со златен медал во слалом, по Стејн Ериксен (1954 година), Кетил Андре Омод (1993), Том Стиансен (1997) и Себастиан Фос-Солевог (2021). Историско прво сребро и воопшто прв медал на СП во алпско скијање освои Грција, односно Еј Џи Гинис, а бронзата му припадна на Италијанецот Алекс Винацер. Скијачката велесила Австрија првпат по 1987 година не успеа да освои златен медал во алпските дисциплини на СП, иако освои седум медали, и тоа три сребра и четири бронзи. Македонскиот претставник Јаков Добрески во слаломот го освои 53-то место. Следното СП на програмата е во 2025 година во Залбах (Австрија). Сезоната во алпско скијање продолжува со Светскиот куп, предвидени се уште 11 трки. Најуспешна репрезентација на СП 2023 е Швајцарија со освоени три злата (од кои две освои Марко Одермат, во спуст и во велеслалом), две бронзи и едно сребро, пред Норвешка со две злата, три сребра и четири бронзи, трети се САД со по две злата и сребра… Вкупно девет држави се закитија со најмалку по еден медал. Г.И.

НАЈУСПЕШНИ НА СП 2023 РЕПРЕЗЕНТАЦИИ

Швајцарија 3 3 1 Норвешка 2 3 4 САД 2 2 0 Италија 2 1 1 Канада 2 0 2 ПОЕДИНЦИ Марко Одермат 2 0 0 Федерика Брињоне 1 1 0 Микаела Шифрин 1 1 0 Мариа Терез Твиберг 1 1 0 Алексис Пинтуро 1 0 1 колоните се златни, сребрени и бронзени медали


2 views

Comments


bottom of page