top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Шварценегер ја носи девојката на шопинг во армиски џип

Тие се заедно од 2015 година. А врската помеѓу Арнолд Шварценегер (74) и 27 години помладата физиотерапевтка Хедер Милиган (43) сè уште е силна. Во неделата двојката беше видена како пристигнува со специјално дизајнираниот теренец „хамви“ кај бутикот „Ралф Лорен“ во Лос Анџелес. Sвездата на „Терминатор“ седи зад воланот на својот масивен армиски џип и пуши пура. На себе има маскирна јакна и капа, како и рефлектирачки очила за сонце. Годините не го спречуваат да ужива во животот.


0 views

Comments


bottom of page