Search
Шварценегер ужива во пура додека вози винтиџ „екскалибур“ во Лос Анџелес
07.12.2021 Dekemvri Vtornik
Арнолд Шварценегер не дозволи студеното време во Јужна Калифорнија да го спречи од дневен излет со неговиот кабриолет. Папараците го забележаа холивудскиот терминатор (74) во неделата како вози класика лимузина „екскалибур“ во Лос Анџелес додека дува пура. Поранешниот гувернер на Калифорнија на себе има кафеава кожена јакна со амблем од државното знаме на градите, а американското знаме на раката. Моделот „екскалибур“ (Excalibur), според „Хот-карс.ком“, првпат бил направен во 1965 година како репродукција на „мерцедес-бенц ССК“ од 1928 година.
Comments