top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Шварценегер рано го прослави Божик во куќите за бездомни ветерани изградени со негова донација

Арнолд Шварценегер откри дека донирал пари за изградба на 25 куќи за воени ветерани бездомници во Лос Анџелес. Во својата објава на „Инстаграм“ во четвртокот, 74-годишниот поранешен гувернер на Калифорнија може да се види како застанува покрај куќите. Облечен во кожена јакна со амблем на американското знаме, Арнолд разговара со некои од корисниците на неговата добротворна организација. „Денес рано го прославив Божик. 25-те дома што ги донирав за бездомните ветерани беа изградени овде во Лос Анџелес“, напиша тој на својата инстаграм-страница во четвртокот. „Беше фантастично да поминеме малку време со нашите херои и да им посакаме добредојде во нивните нови домови“, додаде ѕвездата на „Терминатор“.



4 views

Comments


bottom of page