top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ШВАРЦЕНЕГЕР ПРИВЕДЕН НА АЕРОДРОМ ВО МИНХЕН „Ти можеш да одиш, но твојот часовник останува“

Славниот актер Арнолд Шварценегер бил приведен од царинските службеници на аеродромот во Минхен денеска (среда) затоа што не пријавил луксузен часовник што го носел додека патувал за Австрија, потврди портпаролот на царината за Си-би-ес Њуз.

76-годишниот Шварценегер бил задржан три часа на аеродромот во Германија. Холивудската ѕвезда и поранешен гувернер на Калифорнија планирал да го продаде часовникот на аукција на неговата хуманитарна организација во Кицбил, Австрија.

Според соопштението, Шварценегер треба да се појави на настан за собирање средства за Климатската иницијатива на Шварценегер, која поддржува климатски проекти низ целиот свет.

Од актерот никогаш не било побарано да пополни формулар за декларација, рекол изворот. Тој се обидел да ги плати даноците за часовникот на аеродромот, но машината за кредитни картички не работела, рече изворот.Во моментов е во тек кривична постапка за можно даночно затајување - изјави портпаролот на царината.


9 views

Comentários


bottom of page