top of page
Search

Шварценегер објави фотографија со Сталоне: „Среќен роденден, пријателе“

08.07.2024 Juli Ponedelnik

Арнолд Шварценегер му го честита роденденот на Силвестер Сталоне.

Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија објави неколку заеднички фотографии направени во текот на нивните кариери.

„Среќен роденден, пријателе. Ти си шампион и легенда. Ме инспирираш и мене и милијарди луѓе во светот“, напиша Шварценегер.

Ѕвездата на „Терминатор“ исто така објави фотографии од него и Сталоне како длабат тикви заедно, се смешкаат на настан на Планет Холивуд и позираат во опрема од 80-тите.

Во април Сталоне и Шварценегер разговараа за ривалството претходно. Арнолд призна дека Сталоне му бил голема помош во кариерата бидејќи тие секогаш се натпреварувале. Сталоне, пак, изјави дека, конечно, имало што да го мотивира кога се појавил Шварценегер.


1 view

Kommentare


bottom of page