Шварценегер навестува мистериозен проект „Зевс“
Од Херкулес до Зевс, се чини дека Арнолд Шварценегер се движи по грчката митолошка скала. Поранешниот гувернер еднаш го глумеше Херкулес во 1970 година во своето актерско деби. А во петокот на својот „Инстаграм“ актерот навести мистериозен проект споделувајќи постер со него како грчки бог. На фотографијата стои февруари 2022 година“. Оваа објава ги остави фановите да се прашуваат дали ќе го видат Шварценегер во нова улога. Имајќи предвид дека единствен голем настан во февруари 2022 година ќе биде „Супербоул“, нема смисла да се објави нешто ново во тој период, коментираат медиумите, додавајќи дека ова можеби е реклама за меганастанот Super Bowl, што ќе се одржи на 14 февруари. Покрај проектот„Зевс“, Шварценегер работи и на продолжение на хит-комедијата „Близнаци“, со наслов „Тројки“.
Comments