top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Шварценегер критикуван за пораката што ја остави во книгата за гости во Аушвиц

Арнолд Шварценегер се најде на удар на критики затоа што употребил една од неговите познати филмски фрази при потпишувањето во книгата за посетители на меморијалниот центар Аушвиц. Добивај вести на вибер Музејот сподели серија твитови за посетата на славниот актер, вклучувајќи ја и неговата порака во книгата за посетители – потпис заедно со позната фраза од „Терминатор“, I’ll be back („ќе се вратам“). Ова резултираше во голем број критики на социјалните мрежи. Многумина коментираа дека иако не мислел ништо лошо, оваа фраза не е соодветна за ситуацијата и местото каде што се нашол, а неговиот потег е карактеризиран како „невкусен“ и „непримерен“. Актерот го посети музејот откако прими инаугуративна награда за борба против омраза, којашто му ја додели фондацијата „Еврејски центар Аушвиц“ претходно оваа година. По лавината реакции на цитирањето на „Терминатор“ во книгата за гости, музејот на Аушвиц на Твитер објави објаснување: „Оваа посета беше планирана да биде релативно кратка. Натписот требаше да биде еден вид ветување дека ќе се врати за уште една и подетална посета“.




3 views

Comments


bottom of page