top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Шварценегер за вештачката интелигенција: терминаторот стана реалност

Според актерот, Арнолд Шварценегер, филмот на Џејмс Камерон, во кој главна улога имаше поранешниот гувернер на Калифорнија, ја предвиде иднината на вештачката интелигенција. Говорејќи на настан во Лос Анџелес минатата недела, Шварценегер рече дека сегашниот страв од вештачката интелигенција може да се толкува преку заплетот на Терминаторот, пренесува „НМЕ“. „Денес сите се плашат до каде ќе оди развојот на вештачката интелигенција. А Терминатор е за машини кои стануваат самосвесни и го освојуваат светот“, изјавил актерот. Тој додал дека филмот, откако е создаден во 1984 година, само ја изгребал површината на вештачката интелигенција, но дека сценариото е генијално. „Денес, по неколку децении, тоа стана реалност. Значи, Терминатор повеќе не е научна фантастика, туку футуристички“, истакнал тој.


2 views

Comments


bottom of page