top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ШАХ – ОТВОРЕНИ ПРВЕНСТВА НА МАКЕДОНИЈА

Во пресрет на последното деветто коло на Отвореното првенство на Македонија во шах, во машка и женска конкуренција, повеќе кандидати конкурираат за шампионскиот пехар. Кај шахистите меѓу 95 учесници, дури четворица, Филип Михов, ВМ Звонко Станојоски, ИМ Никола Николовски и ФМ Александар Велјаноски, се во водство со по 6,5 поени. Кај шахистките, пак, ЖФМ Моника Стојковска, Ивана Манова и Маре Крстевска беа на врвот со шест поени меѓу 10 учеснички на шампионатот.

Позначајни резултати осмо коло, мажи: ВМ Станојоски – Михов реми, ИМ Николовски – ФМ Велјаноски реми, ФМ Кралевски – ФМ Ристески 0-1, ИМ Панчевски – Петрески 1-0, ФМ Љ. Илиќ – ИМ Лазов 0-1 итн.

Резултати осмо коло, жени: Јакимова – Брнс реми, Лазарова – Жежовска реми, Ајрадиноска – Крстевска 0-1, Ефтовска – Манова 0-1, Велеска – ЖФМ Стојковска 0-1. Г.И.


0 views

Comments


bottom of page