Шарлиз Терон на тренинг пред празничната недела
21.12.2020 ДЕКЕМВРИ ПОНЕДЕЛНИК Шарлиз Терон во неделата попладне беше фотографирана во Беверли Хилс додека ја напушта салата во која редовно вежба. 45-годишната актерка со својот „порше макан“ излегуваше од паркинг-објект во непосредна близина на нејзината локација за вежбање. Оскаровката минатата недела разговараше со „Харперс базар Арабија“ и во интервјуто таа откри дека 2020 година ја обликувала како личност во услови на пандемија на Ковид-19 и промена на социјалното море по убиството на Џорџ Флојд. „Првото нешто што ми паѓа на ум е колку самозадоволно сум живеела во општество каде што системскиот расизам е жив и здрав“, изјави актерката од „Атомска русокоса“. „Не станува збор само за непотребната употреба на сила од страна на полицијата и воопшто полициската бруталност, туку и за една поширока слика за тоа како сите живееме во систем што е поставен да ги чува афроамериканските луѓе на место каде што е невозможно да живеат со целосен потенцијал како индивидуи“, вели таа во интервјуто.
Comentários