Шанса за реванш: Мурињо и Рома ќе се соочат со тимот кој ги потопи во групната фаза
- Aleksandar Santovski
- Mar 18, 2022
- 1 min read
Во Нион се одржа и ждрепката за Конференциската лига на УЕФА, па сега осумте екипи го знаат патот кој мора да го поминат ако сакаат да го освојат трофејот во ова натпреварување. Калчолигашот Рома за место во полуфиналето ќе се бори против добро познат ривал тоа е норвешкиот претставник Бодо Глимт кого избраниите на Жозе Мурињо добро го паметат со оглед на тоа што загубија од него со 6-1 во групната фаза, па ова ќе им биде добра шанса за реванш. Интересно се очекува да биде во двобојот Лестер-ПСВ, додека останатите парови се Феенорд-Славија Прага и Олимпик Марсеј-ПАОК Четвртфиналните дуели се закажани за 7 и 14 април, полуфиналето пак ќе се игра на 28 април и 5 мај, додека завршниот меч ќе се игра на 25 мај во Тирина. Парови за четвртфинале: Бодо Глимт-Рома Феенорд-Славија Прага Олимпик Марсеј-ПАОК Лестер-ПСВ Парови за полуфинале: Лестер-ПСВ/Бодо Глимт-Рома Феенорд-Славија Прага/Олимпик Марсеј-ПАОК

Comentários