Шакира со критика за филмот „Барби“: Не ми се допаѓа, сакам моите синови да се чувствуваат моќно
02.04.2024 April Vtornik
Шакира ја краси насловната страница на списанието „Алур“, а во интервјуто даде прилично неочекуван коментар за филмот „Барби“ поради што многумина ја критикуваат на интернет.
Блокбастерот во режија на Грета Гервиг се најде на врвот на киноблагајните минатата година со 1,4 милијарда долари во светот и заработи осум номинации за „Оскар“, вклучително и за најдобар филм.
Сепак, колумбиската пејачка изјави дека донекаде го дели мислењето на своите два сина, на кои филмот воопшто не им се допаднал, сугерирајќи дека тоа е дел од поп-културата што „на мажите им ја одзема способноста да бидат мажи“.
„Моите синови апсолутно го мразеа тоа. Воспитувам две момчиња. Сакам тие да се чувствуваат моќно почитувајќи ги жените. Ми се допаѓа поп-културата кога се обидува да ги поттикне жените, без да им ја одземе способноста на мажите да бидат мажи, исто така да штитат и обезбедуваат. Верувам во давањето алатки и доверба на жените, дека сè можеме да направиме без да ја изгубиме суштината, без да ја изгубиме женственоста“, изјави пејачката.
Таа рече дека верува оти и мажите и жените имаат своја цел во општеството, но таа се разликува, велејќи дека „се надополнуваме и дека комплементарноста не треба да се изгуби“.
Comentários