top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Шакира се соочува со судење поради наводно затајување данок

Шпански истражен судија увидел доволно индиции за колумбиската поп-ѕвезда Шакира да се соочи со судење за даночна измама, е наведено во судскиот документ објавен во четвртокот (29 јули). Судијата Марко Џисас Хуберијас ја заврши истрагата за наводите на државното обвинителство дека пејачката не платила 14,5 милиони евра (23,3 милиони долари) данок на приход остварен помеѓу 2012 и 2014 година. Тоа е прелиминарен чекор пред да биде закажано судење. „Документите (…) приложени кон тужбата се доволен доказ за погрешно постапување за да се продолжи со постапката“, наведува судијата во судскиот документ. Додека обвинителите велат дека Шакира живеела во регионот Каталонија во тој период, нејзините претставници тврдат дека до 2015 година таа живеела на Бахамите, не во Шпанија, и дека ги исполнува сите даночни обврски. „Во периодот од 2012 до 2014 година Шакира била даночен обврзник на Бахамите, а не на Шпанија“, тврдат нејзините претставници и додаваат дека повремено патувала во Шпанија, а официјално почнала да живее таму дури од 2015 година. Претставниците на Шакира во Шпанија во четвртокот преку е-пошта изјавија дека „судскиот документ е очекуван чекор во процесот“ и дека правниот тим на пејачката „целосно соработува со правосудните органи и нема да коментира понатаму“. 44-годишната пејачка е во врска со дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, од 2011 година и имаат две деца.


2 views

Comments


bottom of page