Шакира не е целосно задоволна од сопствената музика
28.06.2021 Juni Ponedelnik
Шакира призна дека никогаш не е потполно задоволна од сопствената музика. Атрактивната Колумбијка – пејачка, текстописец, продуцент, актерка, танчерка – позната по хитовите Hips Don’t Lie, Whenever… е свој најлош критичар и открива дека секогаш кога ќе ги преслушува своите големи хитови наоѓа начини како да ги подобри. Таа за „Вог“ Мексико и Латинска Америка изјави: „Не сум голем фан на себе.“ „Јас секогаш ги слушам работите што сум ги направила и велам ‘ова можеше да биде подобро’. Никогаш не сум целосно задоволна. Тоа незадоволство не е потполно негативно – има нешто добро“. 43-годишната sвезда, чиј последен албум „Ел Дорадо“ излезе во 2017 година, исто така откри дека работи на нов албум и очекува дека ќе биде објавен во 2022 година.
Comments