top of page

Шакира на забава откога го гледаше Хамилтон во трката за британското Гран при

Шакира се забавуваше до раните утрински часови во елитното место Чилтерн Фајрхаус во неделата вечерта откогабеше фотографирана во Силверстоун, каде што викендов се одржа трката за Големата награда на Велика Британија во Формула 1. Само неколку часа пред тоа Колумбијката (46) го гледаше Луис Хамилтон како завршува на трето место на британското рГан при. Нејзиното присуство на трката ги подгреа шпекулациите за романса со еден од најпознатите возачи на Формула 1. Наводното момче на Шакира, Луис (38), заврши на третото место на трката во Силверстоун во неделата зад Ландо Норис, кој беше втор, и Макс Верстапен, кој победи. Таблоидите неодамна објавија дека Шакира е во љубовен триаголник со Луис и холивудскиот актер Том Круз. Тркачкиот ас беше забележан со колумбиската ѕвезда многупати откога минатата година таа се раздели од поранешниот партнер Жерар Пике (36).





 
 
 

Comments


bottom of page