Шакира за разводот од Пике: Се чувствував како некој да ми заби нож во градите
14.06.2024 Juni Petok
Шакира проговори за раскинувањето со Жерар Пике во новото интервју за Ролинг Стоун. Таа изјави дека претрпела физичка и душевна болка по разводот.
„Страдањето што го почувствував беше веројатно најголемото што го доживеав во целиот мој живот. Се чувствував како некој да ми заби нож во градите. Чувството беше вистинско“, изјави 47-годишната пејачка.
Таа се осврна и на песната Monotonia, која ја објави по разводот, во која жали за неуспешната врска. На снимката Шакира стои пред продавница и изгледа видно вознемирена, а потоа некој ја удира со тупаница во градите. Откако успева да стане од подот, во видеото трча по улиците држејќи го крвавото срце во рацете.
Пејачката вели дека нејзиниот тим ја советувал да не објавува такво видео.
„Се обидоа да ме спречат, ми рекоа: ‘Размисли. Зошто да се експонираш така? Тоа е премногу’. Беа тешки слики, нели, но беа реални, така се чувствував“, изјави Шакира. Таа додаде дека со неа во тој период биле многу нејзини познати пријатели.
Шакира го запозна фудбалерот во март 2011 година, кога го снимаше спотот за хитот Waka Waka. Тие беа заедно 12 години, а се разделија во јуни 2022 година. Двојката има два сина, Милан и Саша. Разделбата помеѓу пејачката и фудбалерот предизвика големо внимание во јавноста, особено откако се дозна дека Пике бил неверен.
Comments