Search
Чусовитина се пензионира по настапот на осмите ЛОИ
По речиси 30 години од дебито на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Барселона во 1992 година, Оксана Чусовитина (46), гимнастичарката од Узбекистан, со солзи во очите објави дека ќе се пензионира. Таа беше 14-та во квалификациите во прескок и не се избори за настап во финалето, но рече дека е „многу горда и среќна“ и по напуштањето на арената со овации беше поздравена од ривалките. Чусовитина единствениот златен олимписки медал го освои на првиот настап во 1992 година, во екипна конкуренција, со тимот на поранешниот Советски Сојуз. Во Пекинг во 2008-та освои сребрен медал во прескок за Германија. На светските првенства таа освои 11 медали, од кои четири златни.
Comments