top of page

Чурлинов претставен во новиот клуб во Полска, ќе го носи дресот со број 21 (ФОТО)

27.07.2026 juli Ponedelnik

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов го реши клупското прашање и тоа со кам-бек на полската фудбалска сцена каде имаше добри настапи за Јагелонија.

Сефа офанзивецот ќе биде дел од тимот на Погон Шчечин, тим со кој потпиша двегодишен договор со опција за за уште една сезона.

Тој во оваа средина доаѓа од турски Коџаелиспор, а во кариерата досега има настапувано и во Германија и Англија. Во Погон ќе го носи дресот со број 21.

Инаку Погон претходната кампања ја заврши на деветтата позиција во шампионатот, додека оваа натпреварувачка 2026/2027 ја започна со пораз од Легија на домашен терен од 1-0.


 
 
 

Comments


bottom of page