top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Чупиќ направи резиме на својата кариера: Најубаво ми беше во Вардар

22.05.2024 Maj Sreda

Иван Чупиќ утре може да го одигра последниот натпревар во својата успешна ракометна кариера, во која освои важни трофеи со клубовите, но и хрватската репрезентација.

Загреб го игра третиот натпревар против Нексе во плејоф серијата на хрватското првенство и со евентуална победа на фаворитот ќе заврши сезоната, но и кариерата на Хрватот која траеше 20 години.

Во последното интервју, Чупиќ зборувал за ракометните години зад себе, а го истакнал престојот во Вардар како најубав во кариерата.

– Секаде ми беше убаво, можеби тоа не важи само за престојот во Рајн-Некар Левен.

– Но, најубаво ми беше во Вардар, во Скопје, таму се чувствував најдобро, – рекол Чупиќ кој со црвено-црните освои две титули во Лигата на шампионите.


0 views

コメント


bottom of page