„Чуварите на формулата“ во киното „Милениум“
На репертоарот во киното „Милениум“ од вчера започна прикажувањето на мегапопуларниот филм „Чуварите на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ, со проекции од 20.30 часот. Во филмот се зборува за периодот во екот на кризата од Студената војна, кога група научници од институтот „Винча“ спроведуваат таен проект предводен од професорот Драгослав Поповиќ. Поради непредвидени околности, тие се изложени на смртоносна доза на радијација, поради што југословенската тајна полиција ги носи на лекување во клиниката „Кири“ во Париз. Францускиот медицински тим предводен од професорот Жорж Мате заклучува дека нивната состојба е критична и дека деновите им се избројани. Тој предлага, за првпат тогаш, да се изврши деликатна и неизвесна интервенција. Дали е тоа експеримент врз живи луѓе или искрена желба да им се помогне – станува мачно прашање за југословенските научници.
Comments