top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Човек со години живее на остров што сам си го изградил

Шедоу повеќе од 17 години живее на пловечки остров во Виџон Слу, Канада, кој самиот го изградил од зачувани материјали и фрлени работи. „Експлоринг алтернативсго посети Канаѓанецот, кој им го покажа својот дом и објасни зошто го направил и како живее во него. Својот остров го нарекува Nowhere island, а главна мисија му е да ја заштити животната средина. Како што изјавил претходно во едно интервју, животот во градот му досадил и сакал да направи нешто подобро. Така добил идеја сам да изгради остров што подалеку од градот. На своето мало островче Шедоу изградил две куќи, голем кокошарник, градина и магацин. Сака да живее одржливо и еколошки. Во зима собира огревно дрво од реката, сам си одгледува свежа храна во градината и собира свежа вода од блискиот извор. Секој дел од островот плови независно со свој невмрежен соларен панел, кој обезбедува електрична енергија. На тој начин, ако островот претрпи последици за време на бура, електроенергетскиот систем нема да се оштети.




1 view

Comments


bottom of page