top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Член на екипатa поднесе тужба за небрежност против Болдвин и продуцентите на Rust

Updated: Nov 12, 2021

11.11.2021 Noemvri Cetvrtok

Член на персоналот, кој бил сведок на фаталното пукање на сетот на вестернот Rust, поднесе тужба за небрежност во средата (10 ноември) против актерот Алек Болдвин и продуцентите на филмот. Серж Светној, електричар на снимањето во Санта Фе, Ново Мексико, ги обвини продуцентите и другите дека не примениле безбедносни стандарди и дека дозволиле „револвер наполнет со боева муниција да биде вперен во живи луѓе“, се наведува во граѓанската тужба до која дојде „Дедлајн“. Тужбата на Светној е првата поднесена во случајното фатално пукање на Болдвин. Властите во Санта Фе, Ново Мексико сè уште истражуваат, и против никого не е поднесена кривична пријава. Снимателката Халина Хачинс беше убиена на 21 октомври, а режисерот Џоел Соуза беше ранет кога пиштолот на Болдвин, на кого му било кажано дека е безбеден, испука жив куршум, соопштија иследниците. На сетот беа пронајдени и други вистински куршуми.



1 view

Comments


bottom of page