top of page

Чичко Дончо се вклучи во акцијата, купи билет и порача: Да му помогнеме на Вардар, да ја воздигнеме

Навивачката група „Комити“ на секој начин се обидува да му помогне на Вардар, нашиот најтрофеен фудбалски клуб кој веќе некое време се соочува со проблеми, но и покрај сите препреки тој успеа да се врати во Првата македонска лига.

Во тек е акција во која сите навивачи можат да си набават сезонски билет кој чини 1000 денари и со истиот директно да му помогнат на тимот.

Легендарниот Андон Дончевски се вклучи во акцијата, набави билет и со тоа даде јасна поддршка.

-Да му помогнеме на Вардар, да ја воздигнеме Македонија. Ве поздравувам мои Комити, мои внуци, мои јунаци македонски, -порача чичко Дончо.



 
 
 

Comments


bottom of page