top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Читачка група на темата „Феминизам и студии за животните“

Воведно јавно предавање на Катерина Шекутковска

16.04.2024 April Vtornik

Денеска, од 19 часот, во културниот центар „Јадро“ воведно јавно предавање ќе одржи Катерина Шекутковска во рамките на серијалот „Читачка група – иницијатива за критичко мислење“. Темата ќе биде „Феминизам и студии за животните“. Станува збор за циклус средби на читачката група, која постои од 2021 година и се занимава со анализа на современи теориски идеи. И во 2024 година ќе формира група на читатели што јавно ќе дискутираат на тема од актуелната културолошка и социолошка теорија.– Како и во изминатите години, фокусот на истражувањето е насочен на текстови што не се издадени на македонски јазик и/или ретко се тематизираат. Јавниот карактер на настаните цели кон отворање на овие идеи и теми, но и кон културата на дискусија за пошироката публика, па така, и оваа година ќе ја поттикнеме заедницата да партиципира на средбите што ќе се одржуваат во просториите на центарот. За своите анализи и заклучоци групата ќе има можност да комуницира со заедницата преку јавните дискусии, а на крајот на работниот процес, најредовните учесници ќе напишат текстови за темите што ќе бидат во фокусот на средбите. Потоа, текстовите ќе бидат објавени на веб-сајтот на „Јадро“ – велат организаторите.Катерина Шекутковска (Скопје, 1988) го стекнува додипломското образование на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје при Катедрата за германски јазик и книжевност. По едносеместралниот престој на Универзитетот во Констанц (Германија) таа ги започнува своите постдипломски студии на Катедрата за германска книжевност и медијација на книжевноста на Универзитетот во Бамберг (Германија). По завршувањето на практичниот дел од докторските студии (посетување предавања, колоквиуми и конференции), како и по неколкугодишната соработка како научна истражувачка и предавачка на Универзитетот во Бамберг, таа моментално работи на својата докторска дисертација, како и на преведувачки и истражувачки проекти. Во 2022 година таа ја основа издавачката куќа „Илика“ каде што фигурира како главна и одговорна уредничка. Во фокусот на нејзината работа стои интердисциплинарноста, која произлегува од повеќегодишното академско искуство и практичната работа во полето на издаваштвото и театарот. За време на тригодишната работа како претставничка на докторандите на школата за книжевност, култура и медиуми при Универзитетот во Бамберг таа организирала читачки кружок за теориска литература и салонски дискусии во чии рамки се тематизирале феномени и проблематики што произлегуваат од пресекот помеѓу теоријата и уметностите. За својата работа како академска истражувачка и преведувачка таа е добитничка на повеќе стипендии (двократно стипендистка на ДААД, истражувачка стипендија „Радиал“ за преведувачи, резиденцијална стипендија од ЛЦБ Берлин…).


0 views

Comments


bottom of page