top of page
Search

Чилиќ пред пресметката со Ѓоковиќ: Балкански браќа (ФОТО)

Денеска се игра полуфиналната пресметка во Дејвис Купот меѓу Србија и Хрватска, дуел кој предизвикува големо внимание кај тениската јавност, па и пошироко.

Секогаш кога се соочуваат овие земји во било кој спорт е интересно, носи спортска тензија, возбуда, па така се очекува да биде и овојпат во Мадрид. Пред оваа битка Марин Чилиќ се огласи на социјалните мрежи каде сподели фотографија од пред 11 години кога овие две селекции играа во Сплит.

-Единаесет години подоцна, ние сè уште ги претставуваме нашите земји. Балкански браќа. Многу сум возбуден поради ова полуфинале, – напиша Марин.

Ѓоковиќ и Чилиќ досега имаа одиграно 19 мечеви, доминантен е Србинот кој води со 17-2.


2 views

Comments


bottom of page