top of page

Чешка ќе игра за СП по 20 години, Ирска е ривалот на Македонија!

26.03.2026 Mart Cetvrtok

Фудбалската репрезентација на Чешка дојде до голема победа откако по пенали (2-2 регуларен дел, 4-3 по пенали) славеше над селекцијата на Ирска. Чесите ќе играат за прво Светско првенство по 2006 година против Данска, додека Ирска ќе игра меч од ревијален карактер против Македонија во Даблин. 

Натпреварот меѓу селекциите на Чешка и Ирска го решија пеналите. Регуларниот дел беше ефикасен, понуди два гола, а импресионира кам-бекот на домаќините кои се вратија од два негатива. Островјаните имаа 0-2 со голот на Перот од пенал и автоголот на Ковар, но потоа Шик погоди од пенал за 1-2, а во 86. минута Крејчи израмни на 2-2.

Во екстра-времето немаше многу возбудувања, двете екипи беа претпазливи, па победникот го дадоа пеналите. Во серијата Ирска отвори со гол на Перот, Крејчи израмни за Чешка, следеа голови на Ида и Соучек за 2-2, а во третата серија за Чешка, Келехер му го фати шутот на Читил.

Но, потоа Азаз не успеа да го совлада Ковар, серијата се израмни, Шик донесе 3-3, а Ковар исто така му го прочита шутот на Браун и се претвори во херој на својот тим. Победничкиот пенал го постигна Климент.


 
 
 

Comments


bottom of page