Чеферин повторно се заканува: Реал, Барселона и Јувентус можат да бидат исклучени од ЛШ
Првиот човек на европската фудбалска федерација (УЕФА), Александер Чеферин ја користи секоја медиумска прилика за да ги нападне шпанските и италијанските великани Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, трите клуба кои се уште се немаат откажано од идејата за формирање на Суперлига.
Словенецот одново се закани и порача дека постои сериозна можност „кралевите“, каталонците и „бјанконерите“ да бидат исфрлени од Лигата на шампионите.
-Одлуката на судот во Мадрид може да се обжали. Кога ќе заврши процесот, можеме да дејствуваме. Може да се казни секој клуб, па дури и оној што ќе ја освои ЛШ. Исклучување? Секако дека е можно. Ама за тоа ќе одлучи Дисциплинската комисија на УЕФА која е независна, -вели Чеферин кој порача дека правилата важат за сите.
-Правилата се исти за сите. И ако коментирам што зборуваат луѓето секој ден… Се жалат и дека УЕФА заработува милијарди, додека 93,5% од приходите одат за клубовите. Како да го објасните ова ако никој не слуша? Верувале или не, но сите клубови се третирани исто, без разлика дали се од Словенија, мојата земја или дали се големи имиња на европскиот фудбал, -порача Словенецот.
Comments