Search
Четкар ќе одржи концерт во Скопје, па оди на турнеја низ Америка
- Aleksandar Santovski
- Oct 12, 2022
- 1 min read
На 28 октомври Владимир Четкар по подолго време ќе одржи концерт во Скопје, во Станица 26. Концертот ќе трае два часа, од 21 до 23 часот. По овој концерт, Четкар ќе оди во Америка за да одржи есенска турнеја низ некои од најпрестижните американски џез-клубови и културни институции како Нортон музејот за уметност во Вест Палм Бич, Боб-Стоп во Кливленд, Блек кет џез клаб во Сан Франциско.
Турнејата на Четкар во Америка ќе почне на 6 ноември со концертот во Чикаго, па продолжува во Детроит, Кливленд, Њујорк, Сан Франциско, а турнејата ќе ја заврши на 9 декември во Вест Палм Бич во Флорида. На сите настапи во Америка, Четкар ќе се претстави со своја авторска музика, а ќе го придружуваат американски музичари.


コメント