top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Четири партии, четири ремија

ШАХ – ТУРНИР НА КАНДИДАТИТЕ

По двете возбудливи кола на Турнирот на кандидатите во Мадрид (Шпанија), за предизвикувач на светскиот шаховски првак, Норвежанецот Магнус Карлсен, во третото, сите партии завршија мирољубиво.

Кинезот Динг Лирен (рејтинг 2.806) имаше најголеми изгледи за победа, оти имаше позиција топ против ловец, против Унгарецот Ричард Рапорт (2.764), но на крајот сѐ се сведе на реми. Младиот Алиреза Фирузја (2.793) од Франција, исто така, беше многу блиску до победа против Хикару Накамура (2.760) од САД. Во остра т.н. нимцо-индиска одбрана, тој жртвуваше коњ на кралското крило, но искусниот Накамура со импресивна и прецизна одбрана освои половина поен. Американецот Фабијано Каруана (2.783), во почетокот имаше предност против Полјакот Јан Кшиштов Дуда (2.750), но играше непрецизно во продолжението, а потоа мораше и да се помачи за да ремизира во 51-от потег. Азербејџанецот Тимур Раџабов (2.753) и Русинот Јан Непомнијашчи (2.766) ја одиграа најкратката партија и во позиција на по два топа, ремито беше потпишано во 30-от потег.

Вчера беше слободен ден, а денеска во четвртото коло играат Рапорт -Накамура, Непомнијашчи – Фирузја, Дуда – Раџабов и Лирен – Каруана. Предизвикувачот на Карлсен ќе биде познат по 14 кола, а доколку е нерешено за првото место, ќе се игра плејоф. Табела: Каруана и Непомнијашчи по два поена, Дуда, Фирузја и Рапорт Накамура по 1,5, Раџбов и Динг по еден поен. Г.И.


1 view

Comments


bottom of page