Search
Четири години од чудото во Палермо: Трајковски ги расплака Италијанците на „Ренцо Барбера“ (ВИДЕО)
- Aleksandar Santovski
- Mar 24
- 1 min read

Македонија се подготвува за баражот со Данска за СП кое е на програмата ова лето, а токму денеска се одбележуваат четири години од една од најголемите победи во нашата фудбалска историја, славјето над Италија во Палермо.
Нашата селекција влезе како огромен аутсајдер на тоа соочување, но ги издржа сите напади на домаќините и ја дочека својата шанса во судиското продолжение во кое Александар Трајковски со одмерен удар од далечина го матираше Донарума и не однесе во финалето на баражот за мундијалот каде загубивме од Португалија.
Ова нека мотив плус за избраниците на Седлоски за средбата со Данците која се игра в четврток од 20:45 часот.





Comments