Search
Четири американски медиуми и стримери најавија бојкот на HFPA
- Aleksandar Santovski
- May 11, 2021
- 1 min read
Телевизиската мрежа Ен-би-си е последниот медиумски гигант што го бојкотира Здружението на странските новинари во Холивуд (HFPA) поради отсуство на диверзитет во неговиот состав. Ен-би-си, која ја емитуваше церемонијата на доделување на наградите „Златен глобус“ од 1996 година, во понеделникот соопшти дека нема да врши пренос од свеченоста в година и дека сака да види сериозна реформа во Здружението, кое ги доделува наградите „Златен глобус“. „Ворнер медија“, „Нетфликс“ и „Амазаон студиос“ веќе одбија да учествуваат во настани поврзани со HFPA. „Златните глобуси“ според профилот се на второ место по „Оскарите“.

Comments