top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Четвртфиналето на ЕП е голем мотив, но на дури 32 фудбалери им се заканува суспензија за следната фа

30.06.2021 Juni Sreda

Петок ќе биде денот во кој ќе продолжат возбудувањата на Европското првенство и тоа со првите две четвртфинални средби. По неколкуте изненадувања во претходната фаза, сите репрезентации ќе бидат максимално мотивирани да стигнат што подалеку на престижниот турнир, но притоа ќе треба да бидат внимателни и поради дисциплинската ситуација. Поточно, дури на 32 фудбалери им се заканува суспензија за полуфиналето ако заработат еден жолт картон, а во најтешка ситуација е Швајцарија. Откако ги шокираа Французите, избраниците на Владимир Петковиќ нема да можат да сметаат на помошта на капитенот Гранит Џака во четвртфиналето против Шпанија, а дури седум фудбалери се под закана за суспензија во евентуалното полуфинале. Шпанците имаат четворица такви фудбалери, а толку репрезентативци ќе требат да внимаваат и кај Англија, Данска и Украина. По тројца фудбалери на кои им се заканува суспензија имаат Италија, Белгија и Чешка. Фудбалери под закана за суспензија во полуфиналето: Швајцарија: Родригез, Аканџи, Елведи, Емболо, Гаврановиќ, Мбабу и Шар Шпанија: Бускетс, Алба, Пау Торес, Родри Италија: Барела, Ди Лоренцо, Песина Белгија: Т. Азар, Алдервајрелд, Вермален Англија: Фоуден, Мегваер, Филипс, Рајс Украина: Довбик, Шапаренко, Сидорчук, Јармоленко Чешка: Цуфал, Хложек, Масопуст Данска: Дамсгард, Дилејни, Јенсен, Вас


1 view

Comments


bottom of page