Четврти различен тим за десетина дена: Петрушев сега нема да игра ниту за Сакраменто
Српскиот репрезентативец Филип Петрушев поседува голем потенцијал поради кој и стигна до НБА лигата, но сигурно и самиот не очекуваше дека ќе има патешествие како актуелното.
Поранешниот играч на Црвена Звезда за краток период откако почна сезоната веќе има и четврти различен тим, а на крајот испадна дека ќе мора да почека за НБА, бидејќи Сакраменто го испрати во Развојната лига.
Петрушев беше драфтуван од Филаделфија, но беше испратен во редовите на Л.А Клиперс како дел од размената во која со него во Клиперс дојде и Џејмс Харден.
Тимот од Ел-Еј веќе следниот ден се договори со Сакременто за размена на Петрушев, за сега „кралевите“ да донесат решение Петрушев прво да игра во Развојната лига, односно во нивната клупска филијала, Стоктон Кингс.
コメント