top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Четврти пат бразилско финале во Копа либертадорес

Фла­мен­го и Пал­ме­и­рас ќе игра­ат за тре­та­та ти­ту­ла во Ко­па ли­бер­та­до­рес

Бразилско финале, Фламенго – Палмеирас, втора година по ред ќе има во јужноамериканската Копа либертадорес, еквивалентот на европската Лига на шампионите во фудбал. Фламенго, кој е од Рио де Жанеиро, во полуфиналето ја елиминира еквадорска Барселона (2-0, 2-0), а Палмеирас од Сао Паоло беше подобар од бразилски Атлетико Минеиро (0-0, 1-1). Финалето ќе се игра на стадионот „Сентенарио“ во Монтевидео, Уругвај, на 27 ноември. Победникот ќе игра на Светското клупско првенство.

Фламенго и Палмеирас, кои доминираат во бразилскиот фудбал претходниве години, пред сѐ поради инвестициите и младите талентирани фудбалери, ќе играат за третата титула во Копа либертадорес. Палмеирас ја освои втората титула првак (првата во 1999-та) на Јужна Америка годинава со триумфот над Сантос (1-0) на стадионот „Маракана“ во Рио. Фламенго, пак, во возбудливото финале во 2019 година ја победи аргентинска Ривер плата (2-1) и ја освои втората титула, по првата во 1981 година.

Ова ќе биде петто финале со тимови од иста земја и четврто бразилско финале на Копа либертадорес, второ едноподруго во формат од еден натпревар. Кога се играа по два натпревара, Сао Паоло го победи Атлетико во 2005 година, а загуби од Интернационал во 2006 година.


3 views

Comments


bottom of page