Чесите се закануваат: Ќе победиме во Скопје и ќе се пласираме на СП
Репрезентацијата на Чешка со доста мака успеа да се избори за реми против Македонија во вечерашната средба во Злин во баражот на Светското првенство.
Чесите имаа големи проблеми во најголем дел од натпреварот, немаа одговор за нашата одбрана и напад, меѓутоа го искористија падот на момците на Лазаров во самата завршница и се изборија за реми од 24-24. Овој кам-бек на Чешка донесе задоволство и кревање на самдовербата, па почнаа да испраќаат пораки дека во Скопје доаѓаат да победат и одат на мундијалот кој е закажан за 2023 година.
-Мечот беше тежок, губевме со седум разлика на стартот на второто полувреме, ама успеавме да се избориме за реми. Бев нервозен на почетокот, ама како што одминуваше мечот таа исчезна, Уживав во натпреварот и кога измранивме тоа беше одлично.
-Ова беше најголемо искуство во кариерата. Како играч никогаш немам доживеано ваква атмосфера, беше одлично и се надевам ќе играм на уште многу вакви натпревари. Очекуваме да победиме во Скопје и да се пласираме на СП, -порача младото крило Матијас Холева.
Реваншот се игра во недела од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
Comments