Черчесов повеќе не е селектор на Русија
Updated: Jul 9, 2021
08.07.2021 Juli Cetvrtok
Станислав Черчесов повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Русија.
Русите завршија како последните во групата на Европското првенство, а тоа само ја прели чашата по лошите резултати во Лигата на нации од кои најболен беше поразот од Србија од 5-0.
Поради ова руската федераја одлучи да му се заблагодари на Черчесов и да побара нов предводник на националниот тим.
-Заедно со Станислав Черчесов донесовме одлука да го прекинеме неговиот договор. Руската фудбалска федерација ќе започне со потрага по кандидати за функцијата главен тренер за да го подготви тимот за квалификациски natprevari за Светското првенство во 2022 година, -се вели во соопштението.
Инаку Станислав ја презема Русија во 2016 година, најголемиот успех го направи на СП во 2018 кога успеа со репрезентацијата да дојде до осумте најдобри на шампионатот.
コメント