top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ченинг Тејтум за малку ќе се откажел од глумата во 2018 година

Ченинг Тејтум пред неколку години речиси се откажал од актерската кариера. 41-годишниот актер, познат по неговите улоги во 21 Jump Street и серијалот филмови Magic Mike, призна дека бил многу блиску до откажување од кариерата во 2018 година за да сфати што всушност е животот. Ченинг, кој ја има осумгодишната ќерка Еверли со поранешната сопруга Џена Диван, од која се разведе во 2018 година, направил пауза затоа што немал енергија по преземањето многу работни обврски. Во интервју за „Вараети“ тој додаде: „Зедов слободно време. Почнав да се занимавам со вајарство. Правев фотографив. Пишував мои работи, не сценарио или нешто слично. Едноставно, творев на разни нивоа. Сакав да здивнам. Се чувствував многу изморено, претходно само работев и работев и работев“.


1 view

Comments


bottom of page