Челси ќе испрати прва понуда за Роналдо
Кристијано Роналдо и летово е топ тема на светските медиуми и се чини дека по само една сезона, повторно ќе го напушти Манчестер Јунајтед.
Минатото лето Португалецот во последен момент направи трансфер на „Олд Трафорд“, иако наводно преговарал и со Манчестер Сити, но сега сака да замине откако „црвените ѓаволи“ не изборија пласман во Лигата на шампионите.
Најблиску до Роналдо во моментов е Челси, најмногу поради фактот што „сините“ добија нов сопственик, а амбициозниот Том Боели сака да ги почести фановите со едно од најголемите имиња во фудбалската историја.
Челси веќе подготвил понуда вредна 14 милиони фунти за Роналдо, со што Јунајтед би ги вратил инвестираните пари во трансферот на Португалецот од Јувентус.
Останува да се види дали Роналдо ќе се пресели во Лондон, а Челси истовремено ги финишира преговорите за ангажман на Рахим Стерлинг од Манчестер Сити.
Comentarios