Челси се враќаше од голема негатива во Лига куп голеадата на „Стемфорд Бриџ“
09.09.2026 Septemvri Sreda
Лидс Јунајтед имаше водство од 0:2 на гостувањето кај Челси во Лига купот до 52. минута од натпреварот, но потоа следуваше фуриозен период за домашниот тим на „Стемфорд Бриџ“, кој донесе конечен резултат од 6:3.
Мухаремовиќ и Аронсон донесоа водство од 0:2 со голови во 23 и 48. минута за гостите, а Палмер намали од пенал само четири минути по вториот гол на Лидс.
Од 55 до 65. минута, Палмер, Нето и Велбек постигнаа по еден комплетирајќи го пресвртот, а до крајот Калверт-Луин намали на 4:3, за Барко и Велбек да ги постават конечните 6:3.
Челси стана шестиот тим кој обезбеди четврто коло во Лига или Карабао купот и допрва ќе го дознае својот противник во следната рунда.
Претходно, до оваа фаза стигнаа и Њукасл,Борнмут, Сандерленд, Кристал Палас и Брадфорд.







Comments