Челси потврди: Уште еден фудбалер на Покетино оди на подолга принудна пауза
Челси утринава пренесе уште една разочарувачка вест за фановите, потврдувајќи ја принудната пауза на еден од стартерите на Маурисио Покетино на последниот дуел со Вест Хем Се работи за талентираниот Карни Чуквуемека, кој го постигна својот прв гол за Челси на лондонското дерби, но потоа заработи и незгоден удар поради кој мораше да го напушти теренот. Премиерлигашот денеска со официјално соопштение потврди дека профилот на повредата на десното колено на Чуквуемека бил таков што морало да биде направен оперативен зафат и фудбалерот веќе започнува со рехабилитацијата по направената операција. Клубот не даде проценка за потенцијалната пауза на својот член, но англиските медиуми дека се работи за период меѓу 6 и 8 недели, што значи дека Чуквуемека ќе пропушти голем број средби на својата екипа. Информацијата сигурно е ново разочарување за Покетино, бидејќи Чуквуемека беше стартер на двете досега одиграни средби на Челси. Уште претходно аргентинскиот стручњак остана без засилувањето Нкунку, исто како и без Џејмс, Фофана, Чалоба, Броха и Бадиашил.
Comments