Челси не планира да застане: По Каиседо и Лавија, на ред е играч од лондонски ривал
Челси веќе го претстави Моисес Каиседо како свој нов член, а наскоро такво нешто би требало да се случи и со Ромео Лавија.
Лондонскиот клуб ќе плати повеќе од 150 милиони фунти за играчите на Брајтон и Саутемптон, но менаџерот Маурисио Покетино очигледно ќе добие уште еден подарок од сопствениците на клубот.
Англиските медиуми тврдат дека Челси преговара за Мајкл Олисе од Кристал Палас, кој интересно во моментов е повреден и не се очекува да се врати на терените уште неколку недели.
Олисе доби високи оценки за своите последни настапи и поради тоа е важен приоритет за Челси, при што наводно веќе ги прифатил личните услови понудени од лондонскиот клуб.
Палас одбил понуда вредна 30 милиони фунти и Челси ќе мора да издвои нешто повеќе за Олисе, со што ќе ја добие и битката со Манчестер Сити, кој исто така го следи францускиот интернационалец.
Доколку се реализира трансферот во Челси, за Олисе тоа ќе биде враќање во екипата каде настапуваше во неколку категории од младинската академија, пред да се пресели во редовите на Рединг.
Comments