Челси и Реал ќе се сретнат во дербито на ЛШ
- Aleksandar Santovski
- Mar 18, 2022
- 1 min read
Актуелниот европски првак Челси ќе се сретне против Реал Мадрид во четврт-финалето на фудбалската Лига на шампионите, како резултат денешната ждрепка за четвртфиналните двојки влечена во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.
Бенфика ќе игра против Ливерпул, Вилјареал ќе ги одмери силите со Баерн Минхен, додека Манчестер сити за противник го доби Атлетико Мадрид.
Првите четвртфинални натпревари ќе се играат на 5 и 6 април, а реваншите на 12 и 13 април.
Финалето е закажано за 28 мај во Париз.
Барселона против Ајнтрахт
Фудбалерите на шпанска Барселона ќе играат против бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт во четвртфиналето во Лига Европа, одлучи попладнево жрепката во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во Нион.
Во преостанатите натпревари, Лајпциг ќе игра против Аталанта, Вест Хем за противник го доби Лион, додека Брага за пласман во полуфиналето ќе мора да го елиминира Глазгов Ренџерс.
Четвртфиналните натпревари во второто по ранг европско клупско натпреварување се на програмата на 7 и 14 април.

Comments