Челси договори конкуренција за Аризабалага: Шпански голман ќе слета на „Стемфорд Бриџ“
Премиерлигашот Челси во овој летен преоден рок остана без услугите на Едуард Менди кој ја прифати понудата од Саудиска Арабија и му стана соиграч на нашиот Џани Алиоски во Ал Ахли.
По ова стана јасно дека „сините“ ќе мора да му донесат адекватна конкуренција на Кепа Аризабалага и се чини изборот падна врз голманот на Брајтон, Роберт Санчез. Шпанскиот интеранционалец за сума од околу 25 милиони фунти ќе слета на „Стемфорд Бриџ“, поточно од трансферот го дели само да ги мине задолжителните медицински прегледи.
Роберт долго време е во англискиот фудбал, многу добро ги познава состојбите и до минатата сезона беше прв избор во Брајтон, но потоа падна во сенка на Џејсон Стил.
Се работи за повеќегодишен договор со кој Челси ќе добие уште едно квалитетно решение меѓу статувите. Во меѓувреме „сините“ не се откажуваат ниту од Моисес Каиседо, па останува да се види дали ќе постигнат договорт со „галебите“ и за неговите услуги.

Comments