top of page

Челси во неочекувана акција за двајца ветерани од Премиер лигата

27.07.2026 juli Ponedelnik

Челси се подготвува за живот под водство на шпанскиот стручњак Чаби Алонсо и веќе се повлечени влези и излезни трансфери кога е во прашање пазарот во овој летен преоден рок.

Оние кои пристигнаа во таборот на „сините“ се Морган Роџерс и Марко Палестра, се споменуваат и други имиња, но англиските медиуми денеска излегоа со вест дека Челси посакува двајца ветерани од Премиер лигата, играчи кои се родени 1990 година.

Се работи за Џордан Хендерсон и Дани Велбек, првиот е дел од Брентфорд, вториот од Брајтон. Во нив Алонсо гледа фудбалери кои можат да донесат искуство, но и квалитет, знаење, стабилност на екипата.

Џордан е поранешен капитен на Ливерпул, Велбек играше за Манчестер Јунајтед и Арсенал, клубови од врвот на англискиот фудбал како што е и тимот од „Стемфорд Бриџ“.


 
 
 

Comments


bottom of page