Чедвик Боусман постхумно доби награда „Еми“ за гласот во серијата „Што ако…?“
- Aleksandar Santovski
- Sep 6, 2022
- 1 min read
Покојниот Чедвик Боусман постхумно ја доби наградата „Еми“ за гласовната улога како господар на ѕвездите Т’чала во Марвеловата серија „Што ако…?“ Наградата ја означува првата номинација и победа за „Еми“ на ѕвездата на „Црниот пантер“, која следува нешто повеќе од две години по неговата смрт. Во серијата на „Марвел“ и „Дизни плус“ , Чедвик го позајми гласот за цртаниот лик. Неговиот глас разбуди емоции во врска со покојниот и сега веќе легендарен актер. Неговата супруга Тејлор Симон Ледвард ја прими наградата за својот покоен сопруг и изрази благодарност за укажаната чест. „Кога дознав дека Чад е номиниран, почнав да размислувам за сè што се случува во нашиот свет. Јас се восхитувам на неговата посветеност. Колку убав момент е тоа што една од последните работи на кои тој работеше беше важна за него и за светот, но и нешто ново“, рече Ледвард. „Не можете да ја разберете својата цел, освен ако не прашате – што ако? Што ако универзумот заговара во моја корист? Што ако тоа сум јас? Чад би бил многу почестен и јас сум почестена во негово име“. Боусман се појави во четири епизоди на „Што ако…?“ – „Што ако чуварот ја прекрши својата заклетва?“, „Што ако. Килмонгер го спаси Тони Старк?“, „Што ако зомби?!, и „Што ако… Т’Чала стане господар на ѕвездите?“ „Марвел студиос“ го прослави овој момент на „Твитер“: „Благодарност на телевизиската академија за признавањето на извонредната работа на нашиот крал, покојниот Чедвик Бозман. #Еми“


Commentaires