top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Чебет со нов светски рекорд на 10.000 метри

27.05.2024 Maj Ponedelnik

АТЛЕТИКА

Кениската атлетичарка Беатрис Чебет стана првата жена што истрча 10.000 метри за помалку од 29 минути на Префонтејн-митингот одржан во американскиот град Јуџин, кој е и единствен во САД, кој се одржува во рамките на познатата Дијамантска лига.Двократната светска медалистка на 5.000 метри во поголемиот дел од трката како конкурентка ја имаше актуелната светска шампионка на 10.000 метри, Етиопјанката Гудаф Цегај.Чебет силно напредуваше во последните неколку круга, постигнувајќи време од 28:54,14 минути за да ја надмине за речиси седум секунди претходната граница на Етиопјанката Летесенбет Гидеј, која, пак, ја истрча оваа делница на 8 јуни 2021 година на митингот во Холандија. Цегај беше втора со ново лично најдобро време од 29:05,92 минути, додека трета низ целта мина Лилијан Ренгерук од Кенија.– Мојата цел секогаш беше трката на 5.000 метри, затоа ова е уште поубаво. Се чувствував одлично во текот на целата трка – изјави славеничката Чебет, која ќе настапи и на претстојните Летни олимписките игри (ЛОИ) во Париз, на трката на 10 км. Кениецот Даниел Матеико победи на 10.000 метри за мажи во возбудлива завршница, пред сонародниците Николас Кимели и Бернард Кибет. Матеико, по неколку неуспешни обиди на маратоните, вклучувајќи го и неодамнешниот во Лондон, истрча лично најдобро време од 26:50,81 минути, што е наедно и најбрзото време во светот за годинава. Г.И.


0 views

Comments


bottom of page