Чарлс јавно ѝ се обрати на неговата мајка откако таа изрази желба Камила да биде кралица
Принцот Чарлс ѝ оддаде почит на неговата мајка, кралицата Елизабета, на 70-годишнината од нејзиното стапување на тронот. Тој ѝ се заблагодари што во саботата изјави дека се надева и дека би сакала војвотката од Корнвол, Камила, да ја добие титулата кралица сопруга кога тој ќе стане крал. „Длабоко сме свесни за честа што ни ја укажа мојата мајка со нејзината желба. Додека работиме заедно за да му служиме на Нејзиното височество и да ја поддржуваме неа и луѓето од заедницата, мојата драга сопруга е моја постојана поддршка во текот на целиот период“, рече Чарлс. „Годината на платинест јубилеј ни дава можност заедно да ја прославиме јавната работа на кралицата, а нејзиниот пример ќе нè води во годините што доаѓаат“, додаде тој. За потсетување, кралицата Елизабета го прославува јубилејот 70 години на престолот, со своето семејство. Ова е нејзина прва година на владеење без нејзиниот сопруг, принцот Филип, кој почина во април 2021 година на 99-годишна возраст. Претходно, 95-годишната Елизабета Втора го искористи платинестиот јубилеј за да зборува за иднината на монархијата. „Кога мојот син Чарлс ќе стане крал знам дека ќе му ја дадете него и на неговата сопруга Камила истата поддршка што ми ја дадовте мене. Моја искрена желба е, кога ќе дојде тоа време, Камила да биде позната како кралица сопруга“, кажа Елизабета Втора.
Comments