Чарлс Трети ја предводеше поворката зад ковчегот до Вестминистерската опатија
Државен погреб на кралицата Елизабета Втора
Со благодарност се сеќаваме на нејзината непоколеблива посветеност на високиот повик во текот на толку години како кралица и шеф на Комонвелтот. Со восхит се потсетуваме на нејзиното долгогодишно чувство на должност и посветеност кон својот народ. Со благодарност го фалиме Бога за нејзиниот постојан пример на христијанска вера и посветеност. Со љубов се потсетуваме на нејзината љубов кон семејството и посветеноста на каузите, рече отецот Дејвид Хојл на почетокот на државниот погреб на британската кралица Елизабет Втора.
Надбискупот од Кентербери, Џастин Велби, ќе одржи проповед и пофалба-церемонијалниот момент кога кралицата му се доверува на Бога.
Молитвите ќе каже и архиепископот од Јорк, кардиналот архиепископ од Вестминстер, модераторот на Генералното собрание на црквата на Шкотска и Слободните цркви.
Ќе говорат и британската премиерка Лиз Трас и генералниот секретар на Комонвелтот Патриша Скотланд со читања од Светото писмо.
Ковчегот во Вестминистерската опатија, црква која датира од 13-от век, пристигна на лафет кој го влечеа офицери на британската морнарица, што е традиција од погребот на кралицата Викторија во 1901 година. Пред кочијата маршираа и 200 гајдаџии.
Поворката зад ковчегот ја предводеше кралот Чарлс Трети и членовите на британското кралско семејство.
Comments